Автономни возила – Корегирање на прогнозите

Корегирање на прогнозите

Пласирани во јавноста како волшебно стапче кое со еден потег ќе ги испрати во минатото сообраќајните несреќи и жртвите од нив, автономните возила полека го губат, мора да кажеме малку наивно стекнатото мислење дека се семожни. Причините за тоа се редат една по една, меѓу кои последната доаѓа од американскиот осигурителен институт за безбедност на патиштата IIHS.  Нивната најнова студија сугерира дека очекувањата од автономните возила можеби се претерани и не ја одразуваат реалноста – според оваа непрофитна организација, тие би можеле да спречат само една третина од несреќите.

Имено, првично се сметаше дека причина за 9 од 10 сообраќајни несреќи е грешка на возачот, но во својата анализа IIHS забележува дека тоа всушност е финален резултат на повеќе последователни и меѓусебно поврзани причини заради која се создава „синџирот на настани” што доведува до несреќа. Како краток заклучок, елиминацијата на човечкиот фактор не може магично да ги спречи сите несреќи. Според нив, третината од несреќите што би можеле да се спречат е што автономните возила имаат поточна перцепција од човекот и не се подложни на себепреценување. За да се спречат сите несреќи, тие велат дека автономните возила треба да бидат радикално репрограмирани за да се даде приоритет на безбедноста пред брзината и практичноста. Но до тоа нема да дојде бидејќи за да бидат општоприфатени, тие претпоставуваат дека автономните возила ќе бидат програмирани да донесуваат исти одлуки за ризикот исто како што прават луѓето. Според студијата, ова би резултирало со автономно возило кое вози на ист начин како и кога го вози човек кој секогаш внимава и не може да биде под никакво влијание.

Студијата е базирана на повеќе од 5.000 разгледани несреќи кои биле пријавени од полицијата и за кои била повикана итна медицинска помош, со минимум последици барем едно возило да морало да биде отстрането со влечна служба. Со категоризација на факторите што довеле до овие несреќи, дошле до заклучок дека несреќите предизвикани исклучиво од чувството на возачот и грешките во перцепцијата – како што се слабата видливост и одвраќањето на вниманието, учествувале само со 24%. Дополнително, медицинските проблеми, употребата на дрога или алкохол и заморот биле одговорни за уште 10%. Така е дојдено до тоа дека една третина, односно 34% од сообраќајните несреќи би можеле да бидат избегнати, но само доколку сите возила се автономни и сите нивни системи и сензори работат совршено. Признаваат дека постои можност за усовршување, посебно во ситуации како онаа кога автономното возило на Uber во 2018 година се мачеше да го идентификува пешакот кој преку патот буткаше велосипед со на него закачени кеси за пазарење.

Јасно е дека во нивната студија има повеќе долгорочни претпоставки, но исто така е јасно и дека ако очекуваме автономните возила да предизвикуваат што е можно помалку несреќи, тогаш при нивното програмирање треба да се даде приоритет на безбедноста, најмногу во брзината на возење.

All Features

  • Според ACEA, во јуни годинава бројот на новорегистрирани патнички возила во Европа е за 24,1 отсто помал во споредба со истиот месец лани
  • Швајцарците од нова година ќе ги дополнат своите сообраќајните правила со две-три за нас далечни работи
  • Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија го прослави 25-годишниот јубилеј
  • 16.12.2019

    AUTOBEST 2020

    Стручното жири на AUTOBEST составено од по еден претставник од 31 европска држава ги објави резултатите од гласањето при што од петте финалисти најмногу гласови освои новата генерација на Opel Corsa
  • The list of all major tags can be seen here. All tags are optimized to make well-featured contents.
  • 29.09.2018

    Extremely Optimized Page Speed

    Pjax Blog is extremely tuned and optimized for the best page load performance. Learn More About Pjax Blog
  • 29.09.2018

    AMP Auto-Generation

    AMP is available in Pro Edition AMP, or Accelerated Mobile Pages, is a free, open-source framework that allows you to create mobile pages that deliver content quickly. Why Is AMP Important? AMP is important because it helps web pages load faster which potentially improves usability and convinces visitors to stay longer on your site engaging with your content. The logic is straightforward: faster load time leads to better engagement, which reduces bounce rate and improves mobile ranking. It consists of HTML, JS, and cache libraries that, thanks to specific extensions and AMP-focused properties, accelerate load speed for mobile pages. AMP Pros #1 It speeds up website load time This one is obvious. With no useless elements to slow them down, AMPs are lean, slick, and fast. Users enjoy pages that don’t make them wait, so AMPs basically guarantee that your site brings in more visitors. #2 It increases mobile ranking Although AMP is not a ranking factor by itself, it has a positive influence on mobile ranking due to its faster load time. Potentially, if Google starts prioritizing AMPs, it will have even more of an effect on SERPs. #3 It improves server performance If your site generates tons of traffic from mobile, AMP will reduce the load on your servers and improve their performance. Pjax Blog Automatically Generate AMP instead of you In general, to use AMP, you have to develop your website to generate AMP since AMP doesn’t permit things such as form elements, third-party JavaScript and some other elements you may be used to having on your page in a standard implementation. But, don’t worry, Pjax Blog does it instead of you.   It’s following Structured Data Markup perfectly. Learn more about Structured Data Markup.
  • 29.09.2018

    Beautiful Seamless Transition

    Exclusive Feature in Pro Edition Add seamless transition to you website and make it more unique than others! See Demo