AUTOBEST 2020

Новата Opel Corsa ја освои титулата AUTOBEST 2020 – Best Buy car of Europe

Новата Opel Corsa е изгласана за AUTOBEST 2020, европското признание за Best Buy Car of Europe односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Со вкупно 17.617 поени, новата Corsa го освои првото место за само 157 поени пред новата генерација на Peugeot 208. Во проценти изразено, од вкупниот број распределени поени во финалето, разликата претставува само 0,2%! Škoda Kamiq се најде на третото место со вкупно 16.848 поени, само 612 поени помалку од новиот 208. Во вкупното рангирање следат Renault Clio и Nissan Juke.

„Финалето беше многу избалансирано. Сите финалисти се одлични примери за она што денес е ‘најдобар автомобил за купување’ на нашиот континент. Мисијата на жирито не беше лесна, а разликата на подиумот е многу мала. Но, во секое натпреварување мора да има победник, а тоа е новата Opel Corsa, Best Buy Car of Europe“, рече Илиа Селиктар, претседател на жирито. „Минатата година, на AUTOBEST рековме дека следниот Best Buy Car of Europe ќе биде електрифициран брилијантен нов производ. Точно тоа се случи, а новата Opel Corsa е совршен пример за електрификација за масите.“

„Благодарение на мулти-енергетската платформа, новата Corsa им се обраќа на сите во Европа, нудејќи верзии и со мотори со внатрешно согорување и со електропогон. Нашиот AUTOBEST победник е првиот автомобил во нашата историја кој започна да ја гради врската помеѓу сегашноста и утрешнината, помеѓу класичните и напредните погонски решенија и технологии. Новата Corsa е првиот пример на демократизацијата на иднината на електричната мобилност, правејќи луѓето во Европа да ја прифатат иднината како следна нормалност“, рече Дан Варди, основач и претседавач на AUTOBEST.

Оваа година Final 5 тестовите се одржаа на познатата F1 патека Istanbul City Park и околните патишта. Тоа беше најсложениот и најрелевантен пакет тестови досега направени во историјата на AUTOBEST. Со 31 застапена земја, AUTOBEST е најголемото независно автомобилско жири во Европа чии членови претставуваат повеќе од 95% од европската популација.

All Features

  • Според ACEA, во јуни годинава бројот на новорегистрирани патнички возила во Европа е за 24,1 отсто помал во споредба со истиот месец лани
  • Швајцарците од нова година ќе ги дополнат своите сообраќајните правила со две-три за нас далечни работи
  • Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија го прослави 25-годишниот јубилеј
  • 16.12.2019

    AUTOBEST 2020

    Стручното жири на AUTOBEST составено од по еден претставник од 31 европска држава ги објави резултатите од гласањето при што од петте финалисти најмногу гласови освои новата генерација на Opel Corsa
  • The list of all major tags can be seen here. All tags are optimized to make well-featured contents.
  • 29.09.2018

    Extremely Optimized Page Speed

    Pjax Blog is extremely tuned and optimized for the best page load performance. Learn More About Pjax Blog
  • 29.09.2018

    AMP Auto-Generation

    AMP is available in Pro Edition AMP, or Accelerated Mobile Pages, is a free, open-source framework that allows you to create mobile pages that deliver content quickly. Why Is AMP Important? AMP is important because it helps web pages load faster which potentially improves usability and convinces visitors to stay longer on your site engaging with your content. The logic is straightforward: faster load time leads to better engagement, which reduces bounce rate and improves mobile ranking. It consists of HTML, JS, and cache libraries that, thanks to specific extensions and AMP-focused properties, accelerate load speed for mobile pages. AMP Pros #1 It speeds up website load time This one is obvious. With no useless elements to slow them down, AMPs are lean, slick, and fast. Users enjoy pages that don’t make them wait, so AMPs basically guarantee that your site brings in more visitors. #2 It increases mobile ranking Although AMP is not a ranking factor by itself, it has a positive influence on mobile ranking due to its faster load time. Potentially, if Google starts prioritizing AMPs, it will have even more of an effect on SERPs. #3 It improves server performance If your site generates tons of traffic from mobile, AMP will reduce the load on your servers and improve their performance. Pjax Blog Automatically Generate AMP instead of you In general, to use AMP, you have to develop your website to generate AMP since AMP doesn’t permit things such as form elements, third-party JavaScript and some other elements you may be used to having on your page in a standard implementation. But, don’t worry, Pjax Blog does it instead of you.   It’s following Structured Data Markup perfectly. Learn more about Structured Data Markup.
  • 29.09.2018

    Beautiful Seamless Transition

    Exclusive Feature in Pro Edition Add seamless transition to you website and make it more unique than others! See Demo